КРВОДАРУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА , COVID-19 ИНФЕКЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ СО КРВОДАРУВАЊЕ

0
2485

Почитувани граѓани, активно ја следиме состојбата во врска со коронавирус пандемијата. Здравјето на граѓаните, потенцијалните крводарители и на нашиот здравствен персонал ни е на прво место. Поради тоа, следејќи ги препораките на Министерство за Здравство превземавме дополнителни мерки за да создадеме максимално безбедни услови за крводарување:

  • Нашиот персонал е дополнително обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки.
  • Воведовме систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите.
  • Ќе се практикува телефонско повикување на дарителите со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување).

Можете да се јавите и да закажете на 075/300-167 за дарување полна крв и на 078/488-459 за да се вклучите во регистарот за дарување на тромбоцити.

 

БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ КОИ И ВО ОВИЕ МОМЕНТИ ДАРУВААТ

                СЛЕДЕТЕ ГИ ПРЕПОРАКИТЕ И ОСТАНЕТЕ СО ДОБРО ЗДРАВЈЕ И РАСПОЛОЖЕНИЕ

Со почит

Институт за трансфузиона медицина

LEAVE A REPLY