СТАБИЛНИ РЕЗЕРВИ НА КРВ

0
502

Институт за тарнсфузиона медицина Ве известува дека располага со задоволителни количества на крвни продукти.Заедно со Црвен Крст на РСМ направена е стратегија, план и распоред на крводарителски акции за следната недела која ќе биде објавена на 22.03.2020, и секако доколку има потреба ќе се промени врз основа на епидемиолошката анкета како превентивна заштитна мерка за ширење на COVID-19.

ГИ ЗАМОЛУВАМЕ СИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ ДА ГИ СЛЕДАТ СЛЕДНИТЕ ПРЕПОРАКИ И ДА НЕ ДАРУВААТ КРВ АКО:

  • ВО ПОСЛЕДНИТЕ 28 ДЕНА СТЕ ПАТУВАЛЕ НАДВОР ОД РСМ
  • ИМАТЕ СИМПТОМИ НА НАСТИНКА, КАШЛАТЕ И КИВАТЕ
  • ИМАТЕ ПОКАЧЕНА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА
  • МАЛАКСАНОСТ ИЛИ ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ
  • СТЕ БИЛЕ ВО КОНТАКТ СО НЕКОЈ КОЈ ПАТУВАЛ ИЛИ ЛИЦЕ СО ГОРЕСПОМЕНАТИТЕ СИМПТОМИ

ВИ ПОСАКУВАМЕ ЗДРАВЈЕ НА СИТЕ

20.03.2020

Со почит
ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина

LEAVE A REPLY