Каде и кога да се дарува крв?

Во Институтот за Трансфузиона Медицина крв може да се дарува секој работен ден од 08-18 часот и во сабота од 08-14 часот.

Во Даре Џамбаз крв може да се дарува секој работен ден од 10-17 часот, а во сабота од 09-14 часот.

Дарителите крв можат да даруваат на акциите организирани со мобилни екипи, чиј распоред се објавува на web-страната на Институтот.

До колку сте во добра здравствена состојба крв можете да дарувате на повеќе места. Изборот зависи од Вас, а за информациите каде се наоѓаат мобилните екипи низ Републиката можете да се информирате на веб-страната на Институтот, како и во јавните гласила ( радио, телевизија ).

Информации за распоредот на крводарителски акции можете да добиете и на телефон:
00389 (0) 2 32 26 923 локал 125 при Институтот за трансфузиона медицина на Република   М акедонија.
Службите за трансфузиона медицина се наоѓаат во кругот на општите и клиничките болници низ градовите во Р. Македонија,така што до колку сакате можете да дарувате крв и на тие места.