Ажурирани критериуми за избор на дарители на крв, тромбоцитен концентрат и конвалесцентна плазма после вакцинација против КОВИД-19

0
5705

На 08.04.2021 на стручен состанок беа прифатени ажурираните критериуми за избор на дарители на крв, тромбоцитен концентрат и конвалесцентна плазма после вакцинација против КОВИД-19 од страна на стручниот колегиум на ИТМ- Скопје.

  1. Ако вакцините се базираат на mRNA технологија (Pfizer/BioNTech, Moderna, CureVac):

Се одложува дарувањето за 48 часа по вакцинирањето поради можна појава на локални симптоми на местото на аплицирање на вакцината (болка, црвенило, чешање, оток).

Одложување на дарувањето за 7 дена од прекин на симптомите во случај на несакани ефекти од вакцината (замор, главоболка, болки во мускулите, треска, болки во зглобовите, треска, гадење, лимфаденопатија).

  1. Ако вакцините се базираат на технологија на аденовирусен вектор (AstraZeneca/ Oxford, Johnson и Johnson/Јansen, Sputnik V):

одложувањето на дарувањето е 4 недели по вакцинацијата.

  1. Ако лицата не знаат со која вакцина биле вакцинирани :

дарувањето се одлага за 4 недели по вакцинацијата.

Критериуми за избор на дарители на конвалесцентна плазма после вакцинација против КОВИД-19:

  1. Лица кои примиле вакцина COVID-19 и немале COVID-19 не можат да даруваат конвалесцентна плазма.
  2. Лица кои имале КОВИД-19 и примиле вакцина КОВИД-19 можат да даруваат конвалесцентна плазма (со валидно задоцнување, во зависност од видот на вакцината).
  3. Дарителите на конвалесцентна плазма, кои во текот на лекувањето од КОВИД-19 примиле трансфузија на конвалесцентна плазма, мора да ги исполнува сите критериуми за дарување на полна крв и тромбоцитен концентрат, вклучувајќи одлагање од 6 месеци од датумот на трансфузија (примање на трансфузија на конвалесцентна плазма).

 

08.04.2021, Скопје

Изработил:

Оддел за обезбедување и контрола на квалитет

Директор:

Д-р супспец Седула Усеини

Институт за трансфузиона медицина на РСМакедонија – Скопје

LEAVE A REPLY