Според законот за работни односи на Република Македонија, член 150, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв.
Дарителите на крв кои даруваат крв повеќе од десет пати се ослободени од Партиципација во цената на некои здравствени услуги како:
- амбулантно-поликлиничка здравствена заштита
- лабараториски прегледи и анализи
- ренгентски прегледи, ехографски снимања, преглед со скенер и магнетна резонанца
- специјалистички лекарски преглед
- болничко лекување и рехабилитација (заклучно со 30-тиот ден, вклучувајќи и болничка исхрана)
Освен ова предвидени се и признанија, благодарници и пригодни обележја за секој крводарител кој дарувал крв 5, 10, 25, 50 или повеќе пати. Признанијата ги обезбедува Црвен Крст на Р. Македонија