ДАРУВАЈ ТРОМБОЦИТИ, ИТНО СПАСИ ЖИВОТ

Дарување на тромбоцити е малку поинаква од редовното дарување на полна крв.

Тромбоцитите може да се даруваат само во одредени центри за дарување во цел свет, а во нашата земја се дарува при одделот за посебни видови на дарувања при Институт за трансфузиона медицина Скопје, и за тоа е потребен термин кој се закажува според потребата од тромбоцити од одредена крвна група. Тие не можат да се даруваат на крводарителска акција.

За дарување на тромбоцити се користи клеточен сепаратор за извлекување само на вашите тромбоцити, а потоа ви го враќа остатокот од крвта назад кај вас.

Од почеток до крај, потребни се околу три часа за да се даруваат тромбоцити додека чинот на дарување трае од 30 до 60 минути.

За време на дарувањето на тромбоцити Се користи вената од едната рака.

Од едно дарување на тромбоцити се обезбедуваат најмногу пет дарувања на полна крв. Всушност, некои дарувања на тромбоцити даваат доволно тромбоцити за двајца или тројца пациенти.

Според меѓународните протоколи тромбоцити може да се даруваат до 12 пати годишно во споредба со дарување на полна крв максимум 3 за жени или 4 пати за мажи.

 

Што се случува за време на дарување на тромбоцити

Релативно мала количина на крв се вади од вашата рака и оди во сепараторот на крвни клетки.

Крвта во клеточниот сепаратор се центрифугира и се овозможува двоење на тромбоцитите од другите крвни компоненти.

Одвоените клетки потоа одат во стерилна пластична кеса за еднократна употреба.

Во меѓувреме, остатокот од вашата крв – плазмата, црвените крвни зрнца и белите крвни зрнца – ви се враќаат.

Овој циклус се повторува неколку пати. Едно дарување на тромбоцити сочинуваат неколку трансфузибилни тромбоцитни единици.

Ако даруваме, на кого помагаме

Тромбоцитите се во постојана побарувачка од болниците.

Тромбоцитниот концентрат се тестира и се подготвуваат за испорака во болница. Во просек, тромбоцитите се трансфузираат во рок од 5 дена од дарувањето.

Тромбоцитите им даваат на пациентите со тумори потребната сила да продолжат да се борат. Пациентите кои се третираат со цитостатска, хемотерапија и зрачна терапија, каде главниот несакан ефект е нискиот број на тромбоцити, без трансфузија на тромбоцити, се соочуваат со опасно по живот крварење бидејќи тромбоцитите помагаат во згрутчување на крвта.

Тромбоцитите, исто така, им помагаат на пациентите да преживеат големи операции или сериозни повреди. По голема операција или сериозна повреда, на пациентите секогаш може да им притребат тромбоцити за да ги заменат оние изгубени за време на крварењето. Тромбоцитите ги одржуваат во живот додека трае  опоравувањето.

Тромбоцитите им даваат сила на пациентите со пореметување на продукцијата а посебно на трансплантираните пациенти. Трансфузијата на тромбоцити многу им помага на овие пациенти да продолжат да живеат и да живеат поактивен и здрав живот.

Бидејќи тромбоцитите мора да се користат во рок од пет дена, секој ден се потребни нови дарители.

Затоа ни требате Вие…

 

Колку време трае дарувањето на тромбоцити

Од почеток до крај, потребни се околу три часа за да се даруваат тромбоцити. Ќе бидат потребни приближно 15 минути за да се пополни прашалникот за здравствена историја и да се подготвува клеточниот сепаратор лично за вас. Од таму можете да очекувате да дарувате од 30 до 60 мин, а потоа следи освежителниот дел кој го обезбедуваме ние со пријатен разговор со вработените.

Дарувањето тромбоцити трае подолго затоа што е потребно време за да се одвојат и собираат тромбоцитите од другите крвни компоненти. За време на процесот, тромбоцитите се отстрануваат од вашата крв и останатите компоненти се враќаат кај вас.

За време на вашето дарување можете да се опуштите, да гледате филм, да слушате музика…за неколку часа ќе даруваате доволно тромбоцити за да им помогнете на тројца пациенти.

Многу дарители велат дека дарувањето на тромбоцити е нивното „време за мене“ да се опуштат од секојдневните стресови во животот, а истовремено чуството да се спасат животи е неописливо.

Дали дарувањето на тромбоцити е безбедно

Дарувањето на тромбоцити е безбеден процес.

Дарувањата на тромбоцити се изведуваат во високо контролирана средина од професионално обучен персонал.

Секое дарување се спроведува преку нова, стерилна игла која се користи еднаш, а потоа се одстранува.

Иако повеќето луѓе се чувствуваат добро откако донирале тромбоцити, многу мал број луѓе може да почувствуваат зашеметеност или вртоглавица, да имаат вознемирен стомак или да доживеат модринка или болка на местото каде што е вметната иглата.

Како е чуството да се дарува тромбоцити

Се појавува моментална лесна болка од венепункција. Се користи  помала игла за дарување тромбоцити во споредба со традиционалното дарување на полна крв, така што некои  сметаат дека е поудобно.

Некои дарители доживуваат чуство на ладно бидејќи течностите ви се враќаат. Покрај тоа, некои дарители може да почувствуваат мало пецкање. Ова е благ одговор на антикоагулантот што се користи кога крвта се враќа во вашето тело и може брзо да се ублажи со калциум. Ако се појави оваа сензација, персоналот ќе ви даде додаток на калциум.

 

Колку пати може да се дарува тромбоцити во тек на годината

Тромбоцитите може да се даруваат на секои седум дена, до 24 пати годишно. Но сосема е доволно секој потенцијален дарител да двои од неговото драгоцено време и да дарува барем 5 пати годишно.

 

Како можете да бидете дарител на тромбоцити

  • Секој кој што се чуствува здрав и ги исполнува предусловите за дарување на целокупна крв
  • Возраст од 18 до 65 години
  • Телесна тежина над 60 кг
  • Мора да има дарувано крв барем еднаш претходно
  • Да имат добри вени
  • Дарителите треба да имаат соодветен хемоглобин (крвна слика) за да донираат.
  • Нивото на хемоглобин потребно е да е над 125 g/l за жени и 135 g/l за мажи.
  • бројот на тромбоцити на дарителот потребно е најмалку 150.000 тромбоцити на микролитар
  • Сите дарители може да даруваат секоја четврта недела
  • Клеточниот сепаратор на клетки може да собере доволно тромбоцити за лекување на еден, два или дури три пациенти од едно дарување
  • Клеточниот сепаратор собира тромбоцити (и малку плазма) од вашата крв и го повторува овој циклус додека не се соберат доволно тромбоцити. Целата процедура трае 30 – 60 минути во зависност од обемот на дарувањето.

 

Дарувањето тромбоцити е со закажување, само јавете се на +38978488459 за да се пријавите како дарител а ние ќе ве контактираме за закажување термин