Посто јат одредени правила кои треба да се почитуваат пред да се пристапи кон дарување крв. Повторно ќе нагласиме дека за да се дарува крв, лицето треба да е здраво и во добра општа состојба ( добро одморен, со консумиран лесен оброк, и сл.).
Индикациите и контраиндикациите за дарување крв се следните:
|
ГЕНЕРАЛНИ ПОДАТОЦИ |
|
| Возраст | 18-65 години |
| Телесна тежина | > 50 кг |
| Телесна температура | < 37 ° С |
| Пулс | 50-100 / мин. |
| Притисок (ТА) | 90-180 / 50-110 мм Хг |
| Хемоглобин | > 135 г/Л( м ), > 125 г/Л( ж) |
| Хематокрит | > 0.40(м), > 0.38(ж) |
| Бакар сулфат | > 1055(м), > 1053(ж) |
| Бременост | 6 месеци по породување или абортус, освен во исклучителни случаи кога одлучува докторот |
| Интервал на дарување | 3 месеци (мажи), 4 месеци (жени) |
|
СОСТОЈБИ ШТО БАРААТ ИНДИВИДУАЛНА ПРОЦЕНКА |
|
| Алергија | Индивидуи со документирана историја за анафилакса нетреба да бидат прифаќани за дарители |
| Автоимуна болест | Ако е зафатен повеќе од еден орган, таа состојба води кон трајно одбивање |
| Бета-таласемија | Хетерозиготни носители на бета-таласемичен ген може да бидат дарители, доколку се во добра општа состојба и со ниво на хемоглобин во нормални граници |
| Бронхитис | Индивидуи со знаци на потежок хроничен бронхит не треба да бидат прифатени како дарители |
| Настинка (цоммон цолд) | Во зависност од состојбата |
| Хипертензија | Како дарители не треба дабидат прифатени лица со ТА>180ммХг ( систола) или >100ммХг (дијастола) |
| Менструален циклус | Не се одложува дарувањето крв |
| Алкохолизам | Дарителот да не е алкохолизиран |
|
ПРОФИЛАКТИЧКА ИМУНИЗАЦИЈА |
|
| Инокулација, вакцинација | Период на одложување |
| Вакцина со атенуирани бактерии и вируси
БЦГ , жолта треска, рубелла , сипаници,полиомѕелитис (пер ос ), мумпс , вакцина за колера со атенуиран агенс, вакцина за паратифус со атенуиран агенс |
4 недели |
| Вакцина со мртви бактерии
Колера, паратифус, капсуларна полисахаридна вакцина за паратифус |
Во зависност од состојбата |
| Вакцина со инактивирани вируси
Полиомѕелитис (инјкеција ), инфлуенза |
Во зависност од состојбата |
| Токсоиди
Дифтерија, тетанус |
Во зависност од состојбата |
| Други вакцини
Хепатитис А , Хепатитис Б , Рабиес , енцефалит тицк-борне |
Во зависност од состојбата, без изложување
При изложување, по 1 година |
| Серум од анимално потекло | 3 месеци |
|
СОСТОЈБИ ШТО ВОДАТ ДО ПРИВРЕМЕНО ОДБИВАЊЕ |
|
| Состојба | Период на одложување |
| Ендоскопија со биопсија (користење на флексибилни инструменти), инокулациона повреда, акупунктура, тетовирање или пирсинг на тело, испрскување на мукозите со крв, ткиво или клеточен трансплантат од човечко потекло | Се одложува за 6 месеци или за 4 месеци со негативен НАТ тест за хепатитис Ц . |
| Трансфузија на крвни компоненти | Се одложува за 6 месеци или за 4 месеци со негативен НАТ тест за хепатитис Ц . При инјекција на еритроцити како дел од дозволена имунизациска програма ќе треба клиничка процена. |
| Епилепсија | 3 години по прекин на терапија и во тој период да е без напади |
| Телесна температура >38 ° С | 2 недели по повлекување на симптомите |
| Болести на бубрезите | Акутен гломерулонефрит: 5 години после комплетното повлекување на симптомите |
| Употреба на лекови | Употребата на лекови може да е заради основно заболување, кое може да бара одложување на крводарувањето. Одлуката за прифаќање на дарителот ја донесува докторот, во зависност од случајот и употребениот лек |
| Остеомиелит | 2 години по оздравување |
| Реуматска треска | 2 години по нападот, без знаци за хронична болест на срцето. Доцните компликации се причина за трајно одбивање. |
| Оперативни зафати | Голема хирургија: генерално 6 месеци после операцијата. Мала хирургија: 1 недела после зафатот, ако нема компликации. Пациенти со историја за ресекција на желудник, трајно се одбиваат. |
| Туберкулоза, Бруцелоза | 2 години по оздравување |
| Тропски болести | 6 месеци по враќање од тропски предели, ако немале треска или знаци за болест |
|
СОСТОЈБИ ШТО ВОДАТ КОН ДЕФИНИТИВНО ОДБИВАЊЕ |
|
| Малигни болести | Индивидуи со или со историја за малигна болест, обично трајно се одбиваат. Од ова правило може да се направи исклучок, кај некои случаи, селектирани од докторот. На пример: кај дарители со неинвазивен канцер на цервикс и успешно спроведена терапија. |
| Болест на Цреутзфелдт-Јацоб
кравско лудило |
Се одбиваат сите пациенти со болеста на Цреутзфелдт-Јацоб или друга прионска болест или претходно третирани со екстракт на хумана хипофиза. |
| Дијабет | Се одбиваат само инсулин зависните пациенти |
| Употреба на лекови | индивидуална проценка на лекарот ( види листа во прилог) |
| Кардиоваскуларни болести | Историја за срцева болест, особено коронарна болест,ангина пецторис , тешка срцева аритмија, церебро-васкуларна болест, артериска тромбоза или рекурентна венска тромбоза |
| Инфективни состојби | Носители на ХИВ, ХБВ , ХЦВ
бабезиоза, лајшманиоза, Љ треска и др. |
| Болести на бубрези | Акутен гломерулонефрит:
5 години по комплетното оздравување |

SQ



