На 28.10.2017 година во просториите на Медицинскиот факултет во Скопје беше одржана Континуирана Медицинска Едукација (КМЕ) за здравствените работници и соработници вработени во ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина. Темата на КМЕ беше:
ПРОФИЛ НА РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ОД АСПЕКТ НА ИНФОРМАТИЧКИТЕ СИСТЕМИ ВО ИТМ
Предавачи беа:
1. Науч сор д-р Т. Макаровска-Бојаџиева, тема: Квалитет во лабораториското тестирање на дарителска крв
2. Д-р сци Лолита Митевска, тема: Систем за управување со квалитет во ИТМ на РМ-состојби и перспективи низ призмата на софтверот eDelphyn
На едукацијата учествуваа 162 вработени од сите оддели и служби од ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина.
Беше реализирана проверка на знаења од област на лабораториско тестирање, како и анонимна анкета со која вработените можеа да се изјаснат на кои теми и со кое времетраење и динамика треба да се одвиваат идните КМЕ во 2018 година.