Традиционална крводарителска акција во Амбасадата на САД

0
7967

На ден 18.09.2018 во амбасадата на САД во Скопје ќе се одржи хуманитарна крводарителска акција по повод 11.09 Националниот ден на служба и сеќавање.

Заинтересираните ќе можат да даваат крв во Амбасадата на САД од 08 до 16 часот.

Хуманитарната крводарителска акција се организира во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиологија.

На сите крводарители кои ќе даруваат крв им благодариме за нивната хуманост со која придонесуваат во спасување човечки животи.

 

LEAVE A REPLY