(MK) Институтот за трансфузиона медицина со крводарителска акција одбележа 71 година од постоењето

0
14216

Скопје, 5 јули 2017 – Вработените во Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија денеска даруваа крв во рамки на одбележувањето на 71 година од формирањето на таа јавна здравствена установа.

– Јубилејот, годинава, се одбележува со хуманоста на вработените од Институтот, кои на овој ден традиционално даруваат крв, стои во соопштението од Институтот за трансфузиона медицина.

На денешен ден пред 71 година со одлука на тогашната влада на Република Македонија формиран е Републички завод за трансфузија (сега: Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија).

LEAVE A REPLY