Балкански семинар за контрола на квалитет во трансфузионата медицина се одржа во Скопје

0
5055

Институтот за трансфузиона медицина на Македонија од 26 септември до денеска беше домаќин на Балкански семинар за контрола на квалитет во трансфузионата медицина.

Како што соопшти Институтот за трансфузиона медицина, едукацијата ја изведувале шест експерти од областа на менаџирање со квалитет во крвни банки од Советот на Европа, а присуствувале и 24 специјалисти од областа на трансфузионата медицина од балканските земји.

По завршувањето на обуката учесниците ќе полагаат испит од областа на менаџирањето со квалитет со крвни банки, за што, по проверка на знаењето од експерти во Советот на Европа ќе се стекнат со сертификат од таа област.

Со тоа персоналот од Институтот за трансфузиона медицина во Скопје и регионалните центри во Тетово, Битола и Штип, ќе исполнат услови за постигнување на европските регулативи во Македонија, а во трансфузионата медицина ќе се унапреди квалтетот на прибирање, тестирање и обработка на крвта и крвните компоненти, како и здравствениот систем во државата воопшто.

Семинарот е организиран од Европскиот директоријат за контрола на квалитет во медицината (EDQM), составен дел на Советот на Европа и кофинансиран од Европската унија.

LEAVE A REPLY